Давањето пристап на полицијата до криптирани пораки е кршење на човековите права

Avatar img-thumbnail img-circle

во Вести

Европскиот суд за човекови права донесе одлука која вели дека намалувањето на end-to-end криптирањето е ризик за нарушување на човековите права. Пресудата доаѓа во период во кој Европската комисија бара од провајдерите да креираат „канали“ (backdoor) со кој полицијата и органите на редот ќе имаат пристап до нешифрирани пораки на корисниците.

Одлуката на Судот за човекови права доаѓа во спорот Podchasov v. Russia. На 12 јули 2017 година по терористички напад во Русија, руската федерална агенција за безбедност побара од Telegram технички податоци кои ќе им овозможат да ја декриптираат комуникацијата помеѓу корисниците обвинети за нападот. Според агенцијата, терористичката група ги координирала своите активности на Telegram.

Федералната агенција за безбедност до Telegram доставила барање за шест телефонски броеви поврзани со профили на Telegram Messenger. Заедно со ова, агенцијата доставила и 6 судски барања за IP адреси, TCP/UDP број на порта и податоци за клучевите за криптирање.

Telegram го одби ова барање со објаснување дека нема техничко решение без да се наруши безбедноста. Овозможувањето подразбира креирање на „заден влез“ со кој ќе се наруши безбедноста на сите корисници. Корисниците за кои се поднесени овие барања активирале функционалност за таен разговор со што било користено end-to-end криптирање. Telegram поради одбивањето е казнет, а апликацијата требаше да биде блокирана во Русија.

Десетици корисници како поддршка на криптирањето на пораките, и достапноста на Telegram, отворија судски спор во Руската федерација. Спорот ги поминал сите судски нивоа во Русија и секаде бил одбиван. Конечно стигна и до Европскиот суд за човекови права.

Photo by Christian Wiediger on Unsplash

Одбраната на Русија е дека правата на сите корисници не се нарушени бидејќи станува збор за единствено 6 корисници на платформата. Дополнително, овие клучеви нема да бидат достапни на сите вработени. Конечно, руската страна смета дека ова нарушување на приватноста е неопходно за одбрана од тероризмот во модерното општество.

Одбраната сметаше дека не постои начин да се воведе „заден влез“ за ограничен број на корисници. Додавањето на оваа функционалност сериозно ќе ја наруши безбедноста на сите. Ова ќе отвори простор за масовно следење на корисниците на платформите како Telegram, WhatsApp или Signal.

На крај судот одлучи дека правата на корисниците на Telegram се нарушени. Барањето за декриптирање не смее да биде дозволено во демократско општество.

Тајноста на комуникациите е суштински елемент на правото на почитување на приватниот живот  и кореспонденција. Барањето пораки да бидат дешифрирани од органите на прогонот „не може да се смета за неопходно во едно демократско општество“, вели пресудата на Европскиот суд за човекови права.

Порака и за другите држави

Одлуката во овој спор се однесува на барањето на Руската федерација, но е и предупредување за останатите држави. Во моментов Европската комисија работи на барање до провајдерите на услуги за отворање на канали кои ќе овозможат пристап на полицијата до нешифрирана комуникација на корисниците.

Креирањето на овие канали не само што ќе овозможи пристап за органите на прогон, туку ќе отвори пристап за сите. Онлајн криминални групи или терористички организации полесно ќе може да дојдат до пристап до овие податоци, вели Ars Technica. Поважно, нема никаков показател дека следењето ќе овозможи поголема безбедност.

„Нема докази дека масовниот надзор помага да се спречи тероризмот. Масовниот надзор всушност го зголемува ризикот дека разузнавачките и агенциите за спроведување на законот ќе пропуштат реални закани, бидејќи се дефокусирани во погрешни насоки. Податоците од програмите за масовно следење излегуваат како вода од противпожарно црево – не можете да пиете од противпожарно црево.

Владите веќе имаа повеќе од соодветни средства за легитимно спроведување на законот и собирање разузнавачки информации. Факт е дека собираат информации за кои не можеле да сонуваат пред една деценија, а секогаш ќе ни кажуваат дека им треба повеќе.“, пишува Amnesty International.

Што значи ова за барањето на Европската комисија

Одлуката на Судот за човекови права речиси сигурно ќе влијае и на европскиот закон. Сега, предлагачите на законот ќе мора да направат сериозни отстапки за да овозможат носење на законот и негова употреба. Одлуката на Судот значи дека дури и да биде донесен, законот би можел да биде оспорен и да се укине неговата важност.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments