0 коментари 1 мин. читање

Google најде поедноставно решение да докажете дека не сте робот

Google најде поедноставен начин како да покажете дека не сте робот на интернет. Досега се користеше CAPTCHA-та како алатка против спамот или автоматизираните ботови, но иако е фунцкионална, таа сепак е досадна за луѓето кои не сакаат постојано да внесуваат рандом зборови. Решението на Google е да воведе поле за обележување, во кое се што треба да се направи е да се кликне во полето до фразата „јас не сум робот“. Ова во суштина се претвара во еден клик, наместо пишување рандом зборови.

Новата технологија е крстена „No CAPTCHA reCAPTCHA“ и, според Google иако изгледа едноставна, сепак има софистицирана позадина. Алатката, поточно API-то, e достапно за сите сајтови кои сакаат да ја заменат CAPTCHA-та со ова поедноставно решение.

[youtube]jwslDn3ImM0[/youtube]

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top