Opera ја издаде петнаесеттата итерација на својот прелистувач. Прелистувачот е базиран на Chromium и не е надградба на досегашната верзија, туку целосно нов прелистувач изработен од „нула“. Новата Opera доаѓа со неколку нови функции: Speed Dial, Discover и Stash. Speed Dial наликува на почетниот екран на Chrome, и овозможува едноставен начин за организирање на вашите омилени веб страни. Со поставување на една содржина врз друга корисниците сами можат да ги подредуваат во категории кои одговараат на корисниците.
„Opera ви испорачува инспирација право на вашиот компјутер. Опцијата „откри“ нови идеа за се, од храна до забава. Вашите пребарувања можете да ги зачувате со функцијата „зачувај“, пофлексибилна алтернатива на Favorites. И никогаш нема да ги загинете вашите омилени работи со филтрите и фолдерите со Speed Dial.“
Discover е навистина интересна функција која најновите вести (избор на Opera) ви ги прикажува во околина која наликува на Pinterest. Категориите можете и самите да ги одберете, а категориите се од храна до забава и технологија. Иако тешко веројатно дека Opera ќе натера некој од корисниците на Mozilla Firefox или Google Chrome да го променат својот прелистувач. Сепак новините, ако ништо друго може да претставуваат интересна промена доколку ви здодеал изгледот на вашиот пребарувач. Opera е достапна за Windows и OS X.
[youtube]_mpF5aQpmow[/youtube]








Можам да кажам дека сум изненаден. Работи доста брзо ми се допаѓа промената а и време беше. Но ми направи впечаток дека ghostery и adblock plus имат различна база на податоци кај Опера т.е. помала на Мозилата ми ги блокира сајтовите што ми се појавуваат но кај Операта има пропуст. Пример кај Мозила на ghostery има Cookies blocked но кај Операта на ghostery го нема тоа. Но како и да е ова е само една забелешка за сега што сум ја нашол :)
Speed Dial-от во Opera го има многу долго време тоа не е новост ( ново е тоа што сега во тој дел се имплементирани други опции ) .. им го препорачувам на сите да си го пробаат нема да погрешат