0 коментари 1 мин. читање 6 септември, 2022

Проширете го вокабуларот со Underline

Underline е две-во-едно решение за подобро учење, а со тоа и проширување вокабулар за одреден јазик.

Се работи за апликација за паметен телефон и за ектензија за прелистувач, како Chrome, Opera, или Edge. Секојпат кога читате некој текст преку прелистувачот и наидете на некој збор кој не ви е познат, можете да го селектирате и да го запомните зборот, за да кога ќе ја покренете апликацијата да почнете да го вежбате тој збор, но и сите други кои сте ги вметнале во архивата на овој начин.

Преку апликацијата, правите флеш карти од сите зборови и ги учите преку еден од пет понудени режими. Паралелно со ова, имате на располагање и изговор за секој од зборовите.

Underline ви стои на располагање како апликација за Android системите и како екстензија за Chromium заснованите прелистувачи.

Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top