1 коментар 2 мин. читање 18 мај, 2022

Microsoft Edge ќе се испорачува со бесплатна VPN алатка

Во ситуации кога сакате да посетите страни кои се регионално заклучени или пак за подобра заштита на вашите податоци од онлајн закани, активирање VPN е одлична опција. Иако многу VPN екстензии се достапни за поголемиот број прелистувачи, односно и за Edge и за Chrome, Microsoft сепак работи на „бесплатна“ VPN услуга која ќе може да се користи директно од прелистувачот.

Според официјалните објаснувања, гигантот од Редмонд се решил за ваков потег се со цел да се понуди на корисниците веќе интегрирана алатка која ќе ја „шифрира конекцијата и ќе помогне да се заштитат податоците од онлајн закани како хакери“.

Wat is VPN? De voor- en nadelen uitgelegd + VPN keuzehulp

Но, ова нам нѝ се чини како второстепена цел, особено кога ќе земете во предвид дека протокот кој бесплатно ќе ви се штити не смее да го надмине ограничувањето од 1GB, што во денешни услови е смешно малку, а уште посмешно кога веќе има квалитетни конкурентни алатки кој нудат бесплатни 2GB. Windscribe, на пример, ви нуди до 2GB бесплатно, но таквото нешто скока до 10GB доколку при регистрација решите да ја оставите вашата имејл адреса.

Враќајки се на VPN алатката на Microsoft, сеуште не се знае кога ќе стапи на сила, но доколку решите да ја користите и отидете над лимитот, ќе бидете благовремено известени и ќе ви бидат понудени комерцијални пакети за надградба.

Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
NecrotoX
NecrotoX
4 years ago

ОК е, доволно за набрзинка да смениш локација ако ти затреба нешто.

Мени
Заедница
Изглед
To top