0 коментари 2 мин. читање 2 јули, 2013

По осум месеци од стартувањето, Windows Store сега има над 100.000 апликации

Продавницата за апликации на Microsoft, Windows Store, стигна до бројката од 100.000 апликации за само осум месеци. Ова ја прави Windows Store најбрзо растечка продавница, откако стигна до оваа бројка половина година побрзо од Apple App Store и Google Play.

Интересно, во октомври Стив Балмер точно предвиде дека во јуни Windows Store ќе стигне до бројката од 100.000 апликации. Голем дел од апликациите кои се на продавницата се корисни, но како и во останатите „еко-системи“ и тука има бескорисни апликации кои корисниците ќе ги инсталираат, можеби еднаш ќе ги искористат и веднаш ќе ги избришат, пишува порталот Win Beta.

Иако бројката од 100.000 апликации значително е помала од 800.000 кој ги имаат App Store и Google Play, сепак брзината со која стигна Microsoft до нив покажува дека инвестирањето во програмерите да развиваат апликации за Windows и Windows Phone сепак покажува резултати. Можеби Microsoft повеќе треба да ги радуваат стотиците милиони преземени апликации, бројка која компанијата ја сподели на конференцијата за развивачи.

Во блиска иднина компанијата ќе го објави Windows 8.1, Surface таблет компјутери со Qualcomm процесори, можеби најважната презентација за Microsoft е таа на Windows RT 8.1 кој многу тешко се пробива кај корисниците.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
To top
{title}