0 коментари 3 мин. читање 25 февруари, 2025

Охрид ќе биде домаќин на Techstars Startup Weekend – 25-27 април 2025 

Охрид оваа пролет ќе биде центар на иновациите и претприемништвото – oд 25 до 27  април 2025 година ќе се одржи Techstars Startup Weekend Ohrid. 

Овој глобален концепт, кој инспирира илјадници претприемачи што се во почетна фаза ширум светот, трет пат по ред се случува и во иновативниот Охрид, нудејќи тридневно интензивно искуство за сите оние кои  сакаат да ја трансформираат својата бизнис идеја во реалност. 

Techstars Startup Weekend е уникатен настан каде учесниците – програмери, дизајнери, маркетери и млади претприемачи – ќе имаат можност да работат на развој на свои стартап идеи, водени од искусни ментори и  експерти од индустријата. Преку брз и динамичен процес, тимовите ќе развијат прототипи, ќе тестираат  концепти и ќе ја презентираат својата финална идеја пред жирито во недела навечер. 

Startup Weekend е совршена можност за секој што сака да направи разлика – без разлика дали е студент,  професионалец или ентузијаст за технологија и иновации. Охрид, со својата уникатна енергија и потенцијал,  е совршена локација за развој на стартап заедницата“, изјавија организаторите на овој настан. 

Настанот ќе се одржи во просториите на ко-организаторите на овој настан односно во Универзитетот за  информатички науки и технологии “Св.Апостол Павле“ ул. Партизанска б.б. и ќе биде отворен за сите што  сакаат да учествуваат. Билетите се достапни од 24.02.2025, а бројот на карти е ограничен на 50, затоа побрзајте и посетете го веб сајтот https://swohrid.com/  

За сите учесници подготвивме специјални изненадувања, а најдобрите три тима ќе освојат вредни награди.  Прво, второ и трето место ќе бидат наградени со престижни награди кои ќе им помогнат да го развијат  својот стартап и да го продолжат своето претприемачко патување. 

Сите заинтересирани можат да се пријават како поединци, без разлика дали имаат веќе дефинирана идеја  или не. За тимовите што се пријавуваат заедно, достапна е промотивна цена. Исто така, за сите учесници ќе  бидат обезбедени храна и пијалоци за време на целиот викенд. 

Ги покануваме и охрабруваме сите заинтересирани и сите што го поддржуваат претприемништвото да станат дел од овој единствен годишен настан и да придонесат кон развојот на иновативната заедница. 

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top