Официјален одговор на Ендава на текстот „Србија ги повлече субвенциите за Endava по реакциите на ИТ заедницата”

Avatar img-thumbnail img-circle

во Интервјуа, ИТ.МК

(Текстот во продолжение е текст напишан од страна на <strhttps://www.it.mk/wp-admin/edit.phpong>Ендава ДООЕЛ Скопје, како одговор на текстот Србија ги повлече субвенциите за Endava по реакциите на ИТ заедницата, објавен на IT.mk на 21.декември, 2016-та година.)


Благодариме што нѐ контактиравте и ни дозволивте да придонесеме кон оваа јавна дискусија, и ја поздравуваме оваа шанса да учествуваме.

Ендава е брзорастечка ИТ компанија со 3.500 вработени од кои голем број се базирани во Централна Европа, во нашите центри за испорака на софтвер во Романија, Молдавија, Македонија, Бугарија и Србија.

Во сите земји од Централна Европа во кои делуваме, постојат државни иницијативи од различен тип кои се дизајнирани да го развиваат и растат ИТ секторот и да привлечат странски инвестиции. ИТ секторот креира работни места со висока вредност кои значајно придонесуваат кон локалната економија, па оттука државите се заинтересирани да го поддржуваат и олеснуваат растежот во оваа област. Овие државни иницијативи за инвестиции се особено успешни во земји каде функционираат повеќе години, при што позитивно се одразуваат на високиот растеж во секторот и остануваат популарни во државите кои сакаат да ги развијат и растат нивните ИТ способности и капацитет.

При изборот на Скопје, Македонија како локација за центар за испорака на софтвер, Ендава процени многу фактори пред да ја донесе финалната одлука. Сите критериуми беа фокусирани кон комерцијалниот потенцијал, атрактивноста за нашите клиенти, пристапот до дипломци со висок квалитет за успешен растеж, како и до множество од етаблирани ИТ професионалци. Исто така, ние бираме локации кај кои сметаме  дека можеме позитивно да придонесеме кон развојот на ИТ заедницата.

Инвест Македонија, која ги хостираше иницијалните посети од страна на Ендава, нѐ запозна со македонската иницијатива за инвестиции која е дизајнирана да охрабри ИТ инвестиции и да го помогне развојот на ИТ секторот во Македонија. По прегледот на нашите инвестициски планови беше потврдено дека Ендава е квалификувана, и бевме поканети да учествуваме. Главните критериуми за квалификација се однесуваа на големината на инвестицијата и бројот на работни места кои ќе се креираат.

Додека Ендава може да потврди дека ја има поднесено целата потребна документација за учество во македонската иницијатива за странски инвестиции, Ендава ДООЕЛ Скопје до овој момент нема примено било каква државна помош, бенефит или исплата од било каков тип.

Endava презема морална лидерска улога во сите земји во кои делува, при што совесно и рутински ги аплицираме сите локални даночни и трудови закони и регулативи. Во согласност со ова, Ендава целосно придонесува со сите даноци и социјални придонеси на ист начин како било која компанија која делува на македонскиот пазар.

Ендава е веќе добро воспоставена во Скопје. Броиме 162 вработени со долгорочен план да го зголемиме нашиот тим од Македонија на повеќе од 400. Откако пристигнавме во Скопје во 2014, 47 дипломци се придружиле на нашиот тим и учествуваа во програмата Ендава Универзитет, при што се етаблираа како вредни ИТ професионалци кои работат во нашите дисциплини за развој, тестирање и управување со апликации.

Тимот од Скопје има пристап до широк опсег на професионални можности, одлична работна околина на ниво со западните земји, и работи за компанија која претендира да биде прв избор за ИТ професионалците. Ендава исто така има блиска соработка со ФИНКИ и ФЕИТ факултетите, која сега се проширува и ги вклучува факултетите Свети Апостол Павле од Охрид, ФИКТ од Битола и СЕЕУ. Имаме блиски релации и со студенските парламенти и други студентски организации, и активно работиме со БЕСТ студентската со која сме горди дека го организиравме и хостиравме инженерскиот натпревар EБЕК.

Од друга страна, со големо задоволство поддржуваме различни иницијативи за кои сметаме дека носат вредност на локалната ИТ заедница, и се во иста линија со нашата основна цел да им овозможиме на луѓето да бидат најдобри што можат да бидат. На пример, во 2016 бевме едни од организаторите на настанот IT4Charity, а низ годините сме го помогнале и домот за деца „11 Октомври“, помеѓу повеќе други слични иницијативи.

Ендава позитивно придонесува на економијата во Македонија, и во сите други земји каде што делуваме, преку креирање работни места, купување локални продукти и сервиси и активно учество кон развојот на ИТ пазарот.

Во иднина, ќе воспоставиме уште посилни врски со Универзитетите и ќе ги охрабриме да го зголемат бројот на ИТ дипломци како и да го адаптираат образовниот план кон барањата од пазарот, за ние, како и другите македонски ИТ компании, да имаме пристап до дипломиран кадар кој на сите ни е неопходен за да бидеме успешни.

Ендава е интернационална компанија за ИТ сервиси која е сочинета од отворени, промислени и адаптибилни ИТ професионалци во компетитивен глобален пазар, каде што ќе ја добијат секоја можност да бидат најдобри што можат да бидат.

Горди сме на нашиот тим и задоволни што се воспоставивме како дел од македонската ИТ сцена.


 

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
1 Коментар
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments
Miki
Miki
8 years ago

Kade so bold-ovive?