Nvidia одговори на острите критики на Линус Торвалдс за нивната компатабилност со Linux и поддршката на Nvidia Optimus картичките. Со својата изјава пред неколку денови, јасна беше неговата фрустрација, па и на целата Linux заедница, што дури го натера да користи и погрди зборови изјавувајќи, „Е*и се Nvidia“.
Nvidia беше буквално принудена да одговори на критиките на таткото на Linux, технологија која создаде нов маркет за Nvidia во мобилната индустрија, технологија која владее на серверите, суперкомпјутерите и многу повеќе. Како што пишува Phoronix, Nvidia во својот извештај вели дека поддршка на Linux е важна за нив и дека ја разбира фрустрацијата на луѓето. Исто така, пишуваат и дека максимално работат на поддршка на ARM Linux кернелот.
Што се однесува до криките за Optimus чиповите, од :
„Кога ние ја пуштивме нашата Optimus технологија, таа беше само со Windows 7 поддршка. Заедницата на слободен софтвер се собра да работи на тоа со поддршка од Bumblebee, а како резултат на тоа ние направивме инсталер и промени во readme белешките за R295 драјверите кои беа дизајнирани за интеракција со Bumblebee.“, објаснува Nvidia за своите Optimus чипови.
Во продолжение на својот извештај тие наведуваат и дека донеле одлука за Linux, поддршка на своите графички.
- Linux корисниците имаат бенифит од новите графички процесори, OpenGL верзијата и продолжување на рамноправноста помеѓу Nvidia Windows и Nvidia Linux поддршка, како и за OpenGL.
- Голем дел од нашите графички процесори поддржуваат Linux, вклучувајќи ги најновите GeForce, Quadro и Tesla графички. Нашите драјвери за тие платформи се надградуваат редовно. Само оваа година до сега имаме објавено седум надградби за Linuxи истите се достапни на www.nvidia.com/object/unix.html.
- Ние редовно придонесуваме во развојот на ARM Linux кернелот. За последниот 3.4 ARM кернел – кернелот кој ќе се користи на Linux, Android и Chrome дистрибуциите, Nvidia е втора по бројот на искуцани линии код.
Сепак, на крајот на денот, вели Nvidia наша клучна цел е на сите корисници со различни палтформи да имаат добро искуство со нашите графички процесори.







