0 коментари 1 мин. читање 20 јуни, 2012

ИТ настан: Летен академски курс за онлајн бизнис стартапи

Ова лето 22 студенти кои имаат желба да научат повеќе за бизнис стартапите ќе можат да се пријават за учество на курсот организиран од БЕСТ Скопје и Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) кој ќе започне на 4-ти јули и ќе трае до 12-ти јули.

Студентите ќе посетат неколку македонси компании и ќе слушаат предавања за започнување на сопствен бизнис, е-трговија, користење на мобилни и друштвени технологии, онлајн маркетинг и веб дизајн.

По завршувањето на предавањата, учесниците ќе имаат испит на знаењето стекнато за време на курсот. Откако студентите ќе го положат испитот ќе се здобијат со диплома за успешно посетен курс, потпишана од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство.

Краен рок за пријавување е 30.06.2012, а може да се пријавите за курсот на овој линк.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top