0 коментари 2 мин. читање 20 јуни, 2012

Основачот на Wikileaks бара политички азил во Еквадор

Основачот на Wikileaks, Џулијан Асанж, аплицираше за политички азил во Еквадор за да ја избегне екстрадикцијата во Шведска каде ќе му се суди за силување на две жени.

Г. Асанж, кој повеќе од година дена е во домашен притвор во В. Британија, тврди дека зад неговото политичко мотивирано апсење стои САД кои сакаат да го спречат него и неговиот сајт да објавува доверливи документи. Toj со аплицирањето за азил ја прекрши кауцијата, и сега ќе биде вратен во затвор, а по неколку недели ќе биде екстрадиран во Шведска бидејќи Високиот британски суд ја одби поплаката на првичната одлука.

Но, за да биде заплетот поинтересен, пред некој месец претседателот на Еквадор, Рафаел Кореа беше гостин во емисијата на г. Асанж на RT и е можно на австралискиот хакер да му биде одобрено барањето за азил.

Џулијан Асанж беше уапсен во декември 2010 година по обвинување на сексуален напад од две швеѓанки, откако Wikileaks започна со објавување на стотици илјади доверливи дипломатски документи. Претходно Wikileaks ги објави и доверливите документи за војните во Ирак и Авганистан.

[youtube]yZXs-iYs95g[/youtube]

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top