На Nvidia GTC 2013 компанијата ги најави следните итерации на Tegra процесорите. Имињата на процесорите се Logan за T-5 и Parker за Т-6. Logan е најавен за следната година, а Parker за 2015-ra година. Tegra 5 ќе дојде со интеграција на Kepler графичкиот процесор и CUDA што ќе овозможи истовремено извршување на повеќе задачи, а чипсетот ќе доаѓа и со OpenGl 4.3.
Parker ќе биде првиот процесор од Denver серијата и првиот 64-битен процесор зa телефони, а ќе доаѓа со Maxwell графички процесор. Parker ќе ја напушти CUDA, но ќе мора да постави стандард кој ќе биде употребуван во следните генерации процесори. Графичкиот процесор Maxwell исто така е најавен на конференцијата, а во споредба со Kepler ќе биде поефикасен, што е една од најважните карактеристики на преносните уреди.
Maxwell ќе овозможи новите процесори да читаат и „гледаат“ меморијата на CPU, што треба да значи дека меморијата е достапна на сите процесори, а ова ќе ја олесни работата на сите девелопери, вели директорот на Nvidia, Јен-Хсун Хуанг. По Maxwell на ред ќе биде Volta процесор кој ќе дојде со „stacked memory“ и ќе реши еден од најголемите проблеми на графичките процесори, односно ќе го зголеми бендвитот на меморијата. Покрај ова DRAM на процесорот ќе биде на ист силициумски супстрат, наредени една врз друга.
Доколку имињата на процесорите ви изгледаат познато, тоа се вистинските идентитети на суперхероите Wolverine и Spiderman.








