Нов рекорд! Македонската игра Cavern Tavern собра 18.000 долари за два дена

во ИТ.МК

Втора успешна Kickstarter кампања на македонските играчи на табла. По Small Star Empires, Cavern Tavern на Final Frontier Games уште побрзо ги собра потребните средства. За успешна краудфандинг кампања беа потребни 18.000 долари, кои беа собрани за два дена. Во моментов над 400 поддржувачи вложија околу 20.000 долари. До крајот на кампањата остануваат уште 28 дена!

Cavern Tavern е објавена од Final Frontier Games, студио за игри на табла од Скопје кое го водат Војкан Крстевски, Тони Тошевски, Ивана Станковска и Маја Матовска. Како што може да се забележи, илустрациите се препозналтиви. Тие се дело на македонскиот артист Тхе Мичо, познат и како Михајло Димитриевски. Тој без сомневање е еден од најактивните во креирањето на игри на табла во Македонија. Cavern Tavern е „worker placement“ игра на табла во која може да учествуваат од 2 до 5 играчи. Играчите се во улога на келнери во една од најопасните таверни во Five Realms и мора да ги услужат гостите помеѓу кои има: елфови, тролови, џуџиња, но и волшебници, истовремено истовремено исполнувајќи ги задачите од сопственикот на таверната Nasty the Dwarf.

Cavern Tavern во претпродажба на Kickstarter е достапна за 44 долари, а во продажба ќе чини 55 долари. Кампањата има повеќе цели, а некои од нив се ексклузивни за поддржувачите на Kickstarter.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
3 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk