2 коментари 2 мин. читање 22 април, 2016

M3DS отвара нова академија за 3Д и дизајн на видеоигри

Викендов во Скопје и официјално ќе биде отворена M3DS академијата за 3Д и дизајн на видеоигри. Академијата е креирана од потребата на истоименото студио, кое за сопствени потреби имаше проблем да најде квалитетен стручен кадар. Студиото за само една година има над 50 успешни проекти, па предавачите ќе знаат точно со какви проблеми нивните ученици ќе се сретнат во иднина, и ќе можат да им посветат внимание.

„Нас ни е битен квалитетот на нашите студенти и како тие се пласираат на пазарот на трудот, бидејќи тие се нашето портфолио. Тука предавањата не се сметаат во изминати часови, тука се смета колку студентите во рамки на тие часови ја совладале материјата“, вели Стефан Митров, еден од основачите на M3DS Скопје.

Првите курсеви се веќе започнати или започнуваат наскоро и ќе бидат поделени во четири целини: курс каде што студентите се запознаваат со основите на 3D светот; курс во кој се вклучени тематските единици од основниот курс надополнети со нови теми; курс во кој концептот е поставен на дизајн на карактери за игри и курс во кој се вклучени сите претходни курсеви. M3DS е сертифицирано за обука за спфтверот на Autodesk, па секој од посетителите кои ќе го завршат курсот ќе се добијат со меѓународно признат сертификат.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top