Newman’s Business акцелераторот стартува кампања на Indiegogo за прибирање на средства за лабораторија за прототип. Кампањата е една од „најробусните“ кои излегуваат од Македонија досега, а за негова реализација се бараат 66.000 долари. Потребата од лабораторија е потребна за стартапите кои се под покровителство на акцелераторот да можат да креираат, но и да ги тестираат своите идеи.
Креирањето на лабораторија е скапо, па потребата за собирање на дополнителни средства не е изненадување. Од акцелераторот објаснуваат зошто и потребен секој долар и како ќе биде потрошен, што е за поздравување. Сумата од 66.000 долари е за двегодишна работа, но и за опрема за лабораторијата.
Интересно, ако идејата е добра, Indiegogo кампањата на NewMan’s делува преамбициозно. За илустрација, од страниците на единствените два досега успешни проекти од Македонија, игрите на табла Small Star Empires и Cavern Tavern, ќе забележите дека фокусот во целост е на нивниот продукт кој е достапен за сите што сакаа да го купат. Затоа и завршија успешно. Но, на страната на NewMan’s се бараат донации за продуктот т.е. лабораторијата ќе се користи само за нивните продукти. Ќе биде интересно да се види дали ќе им успее ваква краудфандинг стратегија?
Сепак, ако акцелераторот не успее да собере пари од краудфандинг за лабораторијата, која звучи како одлична идеја, можат да се договорат со соодветните универзитети, доколку постои можност да им помогнат со простор за тестови.
[…] и простор за настани, a oд неодамна најави планови за лабораторија за стартапи што работат со 3D принтери, дронови и други ИТ […]