Научете да креирате пиксел уметност преку видеоигра

Pixel Art Academy е видеоигра која додека ја играте ќе ве научи или барем ќе се обиде да ве научи како да креирате пиксел уметност. Станува збор за мултиплеер онајн игра во која на учесниците ќе им биде овозможена интеракција со останатите играчи. Иако станува збор за игра начинот на играње ќе ги потсети сите кои учествувале на некои од Coursera курсевите на онлајн курс. Играчот креира слики и ги аплоудува во делови додека работи, па може да си ја следи работата во различни фази, а дел од играчите може да ги преземат и да ги користат за „repaint“.

Креирањето на слики е поделено во неколку фази, во првата играчите креираат пикселизирани копии на слики, а во подоцнежните нивоа играчот треба самиот да креира слика или скица од која што потоа ќе креира пиксел уметност. Со оглед на тоа дека за цртање се потребни и одредени познавања на софтвер Pixel Art Academy доаѓа со едноставни упатства т.е. видео туторијал за користење на Gimp. Pixel Art Academy кога ќе биде готова ќе се игра во прелистувач, а во моментов играта е во Kickstarter кампања, потребните средства се веќе обезбедени, а за поддршка од 10 долари поддржувачите ќе ја добијата играта.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments