Македонскиот уметник Жарко Башески објави NFT аукција – “Обичен човек”

Avatar img-thumbnail img-circle

во ИТ.МК

“Обичен човек” (анг. “Ordinary Man”) е насловот на NFT аукацијата од македонскиот уметник Жарко Башески, објавена на платформата OpenSea.io и пласирана на Etherium блокчејн. Аукцијата ќе започне од 1-ви октомври и е во план да трае 1 недела.

Форматот на NFT-то е видео фајл/анимација од најпознатата скулптура на уметникот која го носи истото име “Обичен човек” и е во моментот изложена во музејот Ла Бовери во Лиж, Белгија.

Повеќе од 30,000 посетители, голем дел од нив сосема голи, биле сведоци на извонредната скулптура која го претставува човечкото тело во неговата најчиста форма. Ова познато хипер-реалистично дело патувало низ светот на многу изложби, а следни градови на листата се Лион, Парис и Милано. Иако повеќето хипер-реалистични дела извајани од Башески се бесценети и можат да си ги дозволат само богатите приватни колекционери на уметнички дела, Башески цели да ја направи неговата уметност достапна за јавноста со тоа што креира дигитални NFT верзии од неговите познати дела. – истакнува ПР тимот на уметникот.

Жарко Башески, 64 години, е македонски скулптор и професор на Факултетот за ликовна уметност во Скопје.
Гледиштето во неговата работа е свртено кон човечкото, па оттука и интересот за хипер-реалистичниот
пристап во обликувањето на концептот на делото, кој во теоретската проекција го надминува хипер-
реализмот, зборува за животот и светот во кој живееме. Во неговата работа има неколку елементи кои се нови во светот на скулптурата и тоа го прави неговото дело различно: концептот, современите погледи на човечката состојба преку самонабљудување, техниката на производство и употреба на нови материјали (полиестер од смола, поли мермери, силикон, природна коса), хипер-реалистичниот пристап, големината на делото, филозофскиот пристап, оваа уникатна комбинација нуди повеќеслојно читање на уметничкото дело.

Линк до NFT-то на Жарко Башески

Што е NFT?

За разлика од криптовалутите секој Non-fungible токен е уникатен и не се меѓусебе заменливи. Не постојат два исти non-fungible токени. За дигиталните уметнички дела non-fungible токените овозможуваат креирање на своевидни оригинали на дигитални фајлови. Со ова авторот би можел вештачки да креира „ограничена“ серија на делото. Оригиналноста на фајлот се потврдува со блокчејнот. Она што го овозможуваат овие токени за колекционерите е вештачко ограничување на бројот на инаку неограничен број на дигитален контент.

За да прочитате повеќе за NFT, кликнете тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments