Tesla Motors го презентираше најавениот прототип на полнач за батериите на автомобилите, кој беше најавен од директорот Илон Маск уште пред една година, иако никој не го сфати сериозно. Станува збор за автоматски уред кој што го приклучува возилото на полнење и најверојатно се што ќе биде потребно е корисникот да го паркира возилото во гаражата, а доколку батериите треба да се наполнат, тоа ќе се прави автоматски, од приклучување на возилот, па се до полнење на батериите до нивниот капацитет. Уредот наликува на футуристичка механичка змија, а на презентацијата може да се забележи начинот на кој полначот се извртува и се поставува во положба за полнење.
Charger prototype finding its way to Model S.
https://t.co/L9E4MR642G
— Tesla Motors (@TeslaMotors) August 6, 2015







