И Tesla Model S може да се хакне

Tesla Model S е побезбеден од хакерскиoт напад од Jeep возилата, но сепак може да се хакне. Тим на експерти за сајбер безбедност успеа да се дојде до контрола врз возилото, иако за разлика од неодамнешните напади врз Jeep, за напад врз Tesla потребен е физички пристап до возилото. Хакот ќе биде презентиран на Def Con во Лас Вегас, а станува збор за напад кој овозможува делумна контрола на возилото при помали брзини. При поголема брзина Tesla Model S автоматски се префрла во лер, најверојатно како заштита од напад велат истражувачите кои доаѓаат од компаниите Lookout и Cloudflare.

„Успеавме да го исклучиме возилото додека вози бавно, до 8 километри на час. Екраните се исклучуваат, музиката се исклучува и се вклучува рачната кочница, со што возилото запира. Најверојатно како мерка на безбедност автомобилот веднаш се префрла во лер доколку се обидете да го хакирате при повисока брзина“, вели Марк Роџерс од Cloudflare.

Хакот е овозможен од 6 безбедносни пропусти, но нема причина за грижа (барем за овие пропусти) бидејќи Tesla веќе издаде надградба на софтверот и ги поправи сите шест пропусти, јави ВВС. За разлика од Jeep кој веднаш застанува, а со тоа претставува опасност за сите возила во сообраќајот. хакнатиот Tesla Model S забавува бавно. Надградбата за пропустите е веќе издадена и достапна, а со оглед на тоа дека софтверот во Tesla возилата се надградува веднаш до сите корисници, нема потреба за повлекување на возилата или повикување во сервисот.

Марк Роџерс од Cloudflare и Кевин Мехафи од Lookout ќе претстават детали за хакот на Def Con конференцијата во Лас Вегас до крајот на неделата.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk