0 коментари 2 мин. читање 2 јуни, 2016

ИТ настан: Фондот за иновации оддели 450.000 евра за нови стартапи

Вкупно 450.000 евра ќе им бидат на располагање на сите стартапи и спин-оф компании кои ќе се пријават и ќе бидат одобрени на третиот повик на државниот Фонд за иновации и технолошки развој. Рокот за пријавување е до први август.

Поединечно, секој стартап ќе има шанса да добие 30.000 евра грант кој е неповратен, но ако стартапот биде профитабилен по пет години ќе треба да ги врати средствата постепено. Идејата на фондот е да инвестира во иновативни македонски компании кои ќе го поттикнат развојот на нови технологии во земјата. Но, факт е, знаејќи ја сегашната состојба со стартап сцената дека ќе треба да помине некое време за да се оствари таа цел. Можеби рокот за евалуација по пет години е соодветен.

Државниот фонд до сега подели 1,3 милиони евра 26 стартапи и седум компании што добија нешто повеќе пари за комерцијализација на иновативни решенија. Стартапите од првиот повик може да ги видите тука, а од вториот на следниов линк.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top