Ова се 16-те стартапи кои добија 450.000 евра од Фондот за иновации

во ИТ.МК

Шеснаесет македонски стартапи кои беа одбрани на првиот повик за кофинансирање ќе поделат 450.000 евра од Фондот за иновации и технолошки развој. Овие стартапи се покажаа подобри од 78-те стартапи кои аплицираа за парите од Владата, кои се позајмени од Светска Банка за цел да се креира фонд што ќе поттикне иновации и развој на локална стартап сцена.

Интересно, иако на повикот на Фондот може да аплицираат сите компании кои работат на иновативни продукти, без разлика од индустријата, сепак најмногу доаѓаат од ИТ и електронската индустрија, дури половина. Максималниот грант е од 30.000 евра, и грантот е неповратен, односно стартапите ќе треба да враќаат по 5 отсто од приходите во следните пет години. Ова се сите стартапи што добија пари:

  • Дарис Инженеринг за проектот Модуларен громобрански фаќач;
  • СТСС-Смарт Трафик Сејфти Системс – Изработка на интелигентни лежечки полицајци;
  • CodeWell за паметниот асистент MarkO;
  • Ебизнис Кочани за EmbedSocial;
  • Vapour Apps за Vapour Apps;
  • Чоко Авиаторс за Чоко Авиаторс;
  • Идекс системи Скопје  за платформа за навигација и известување во затворени простории;
  • Кликон Технологии за Кликон;
  • Kamai Media за играта Sonder епизода 1 & 2;
  • Esenso за Khal AppStore;
  • Knowledge Center Skopje за Аукциски тигар;
  • Хас Инжинеринг Скопје за Систем за домашна автоматизација;
  • Марјановиќ Едукација за Еверест;
  • Prime Apps за Развој на Placeformer платформа;
  • Smart Tech за Развој на инструментација за мерење и анализа на електрична енергија;
  • Марси eлектро системи Охри за Микропроцесорско управување на печки на пелети.

Kако што најавија од Фондот, ова е прв повик, но следниот веќе ќе биде на есен. Фондот има на располагање околу 2,3 милиони евра, сега без овие 450.000, со кои ќе треба да ја зајакне македонската стартап сцена. Идејата е да им се да даде поддршка на македонските компании да направат нешто иновативно, и да станат конкурентни на регионално ниво.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
4 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
trackback

[…] решенија. Стартапите од првиот повик може да ги видите тука, а од вториот на следниов […]

trackback

[…] Веќе се инвестирани вкупно 1,3 милиони евра – 450.000 евра за 16 компании во првиот повик; и 870.000 евра во вториот повик – од кои 277.00 одат за 10 […]

branko
branko
7 years ago

Davaat pari za igri???

Jovan
Jovan
7 years ago

Hahahhahahahahahahahah