Time.mk сега ги агрегира сите локални Facebook настани

1 коментар 2 мин. читање

Откако не успеа првичниот обид да ги агрегира локалните настани со помош на организаторите, Time.mk се реши да го искористи најдоброто решение што го има – Facebook. Друштвената мрежа е фантастична платформа за откривање на настаните кои се блиску до вас и кои ги посетуваат вашите пријатели, и Time.mk како агрегатор требаше само да најде начин како автоматски да ги извлече сите Facebook настани што се случуваат во Македонија.

„Старата верзија не се користеше доволно. Колку што имаше посети во првиот месец, толку имаше и скоро пет години подоцна. Неколку илјади посети дневно. Сигурен сум дека причината беше што ги немаше сите настани на едно место, а тоа беше така поради тоа што организаторите не ги внесуваа во системот, туку за промоција на своите настани го користат Facebook“, вели Игор Трајковски, основачот на Time.mk.

Сега на Time.mk/Nastani се листаат сите локални настани објавени на друштвена мрежа, вклучувајќи ја локацијата каде се одржува и бројот на луѓето што се пријавиле дека ќе одат. Time.mk ги пребарува и агрегира настаните кои се објавени на македонска локација, и ги агрегира сите што се јавни.

Но, тоа што недостасува e што Time.mk не е Facebook. Така, не може да видите кои ваши пријатели ќе одат на настан, ниту ќе може да се пријавите за настанот. За да ги откриете тие детали ќе треба да кликнете на линкот за да се отвори Facebook страната на настанот. Најавена е и нова мобилна апликација за настаните.

timemk

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед