Наместо 15 Facebook пријатели, девојче поканило 21.000 луѓе на својата журка

во Свет

Девојчето поставило Event (настан) на Facebook на кој сакала да покани 15 пријатели, но таа по грешка го означила настанот како јавен по што 21.000 луѓе кликнале дека ќе присуствуваат на настанот, меѓу кои имало и лажни профили на популарни личности како Џастин Бибер, Стиви Вондер, Сузан Бојл и, интересно, физичарот Стивен Хокинг.

Групата креирана од девојчето е тргната, но се појавила нова група која ја содржела нејзината адреса и која најавувала „афтер-парти“.

Целава случка ја преплаши мајка и, Трејси Лајвси која рече дека Ребека нема да има роденденска забава и дека ќе и го смени бројот на мобилниот телефон, бидејќи бил спамиран од поканетите. Исто на Ребека и е забранет пристапот до интернет бидејќи не „ги разбрала опциите за приватност“.

„Тие [Facebook] треба да направат да биде очигледно дека настанот кој е креиран нема да оди само кај твоите пријатели, туку кон сите кои го користат сајтот. Кога ова се случи Facebook требаше да сфати дека илјадници луѓе кои сакаат да одат на забава на 14-годишно девојче не е нормално и да ја изгаси групата автоматски.“ вели г. Лајвси за Telegraph.co.uk.

Facebook коментирајќи ја случката рече дека при креирање на Events (настани) постои опција за да се оневозможи групата да биде јавна. Исто така додадоа дека родителите треба да се грижат за малолетните корисници користејќи го и советувајќи се со Безбедносниот Центар.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Дејан Младеновски

Ова е малку лошо… Фејсбук немаат одговорност да ги контролираат малолетните за тоа што прават на нивниот сајт.. Сето ова е вина на родителите. Тие се тие што не им забрануваат или ограничуваат некои работи.. Шетам по градот после факултет, поминувам покрај едно основно училиште, ги слушам децата, мислам дека не се постари од 12 години, како прават муабети кој/а го/ја прифатило на фејсбук, кој по фармата каде копал, што на Мафија направил, кој на која слика што коментирал.. (неповрзано со темата) Слушнав едни како користат вулгарни зборови за кои јас на нивни години не сум смеел едноставно да помислам на нив а камо ли да ги изговорам.. Мислам дека родителите немаат или не знаат како да си ги контролираат децата…

@ivan1real
15 years ago

Да, фејсбук е крив што има неодговорни родители и семи ретардирани деца. Ме потсеќа на Jessi Slaughter ова.

види ги сите огласи на kariera.it.mk