0 коментари 1 мин. читање 22 септември, 2010

Google Docs сега со избор на фонтови

При дизајнирање на веб сајтови постојат неколку стандардни веб фонтови кои се претходно инсталирани на корисничкиот компјутер.

„Фала богу, ситуацијата се променува. Сите модерни прелистувачи сега поддржуваат можност за симнување веб фонтови. Веб фонт не мора да биде инсталиран на вашиот локален компјутер – може да биде прочитан директно од веб серверите и да се користи во моментот од веб страната која се лоадира.“ пишува Google објаснувајќи го својот Font API.

За да го демонстрира API-то и да ги промовира фонтовите и своите сервиси, Google објави шест нови фонтови за Google Docs, меѓу кои: Droid Serif и Droid Sans(Android фонт, дизајнирани за читање на мали екрани), Calibri и Cambria (најпопуларни Microsoft Word фонтови, најкористен е за принтање во мала големина), Consolas и Corsiva (фонт со единечен простор сличен на нормален текст).

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top