Facebook со нова опција за игнорирање пријателства, сега е одложување

во Друштвени мрежи

Но… постои трик кај Facebook и поканите за пријателства. Имено, кога некој ќе ви прати покана за пријателство, вие му ги гледате сите јавни постови во вашиот фид за вести се додека не реагирате на поканата со прифаќање или одбивање.

Со новата Not now опцијата вие не го одбивате пријателството, туку го ставате на чекање, поканата оди во Hidden Requests мени каде може да се донесе конечната одлука за пријателствотот. Тоа значи и дека сите негови постови означени за јавно споделување ќе се појавуваат на вашиот ѕид со вести се додека не отидете во менито со одложени покани и не го решите статусот на пријателството. Од една страна гледањето на постовите пред да прифатите пријателство има перфектна логика. Сигурно пред некој да ви биде пријател ќе сакате да знаете дали тој постира глупости или корисни информации.

„Да бидеме на чисто, сите овие информации кои можат да се видат од „следените“ е информација која е веќе јавна. Било кој може да го посети профилот и да ги види сите овие информации. Но, тоа што е интересно за пријателствата во чекање (што значи, ќе бидат тон луѓе), е што Facebook ќе ви го напупма вашиот News Fеед со сите тие информации.“ пишува TechCrunch.

Итриот трик на Facebook со кој вие започнувате да ги следите профилите на тие што сакаат да ви станат пријатели е што многумина едноставно ќе го игнорираат или заборават на менито со одложените покани. Кој сака да пребарува низ многуте менија на Facebook со цел да врши верификации на пријателства по втор пат?

Facebook исто така ќе воведе опција за комплетно блокирање на личности кои не сакате да ви праќаат и спамираат со покани за пријателство.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk