Тwitter ќе продава следбеници

во Друштвени мрежи

Promoted Accounts услугата ќе можат да ја купат и индивидуалци и компании, а целта е едноставно дистрибуирање на промотивни твитови на повеќе луѓе.

За да не биде корисникот спамиран со понуди за профили што не го интересираат, Twitter ќе нуди само релевантни профили користејќи го истиот алгоритам од Who to follow опцијата. Односно, ако никој ваш пријател не следи одреден профил, тогаш тој профил нема да ви се појави без врска колку пари платил да се рекламира.

Promoted Accounts е трета маркетинг понуда на Twitter. Претходно сервисот ги објави Promoted Tweets и Promoted Trends.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk