Претставен Blackberry PlayBook

во Хардвер

RIM со својот бренд Blackberry се фокусира повеќе на бизнис заедницата, на посериозната страна на комуникациите. Токму заради тоа во моментот Blackberry држи околу 40 отсто од пазарот на паметните телефони, додека iPhone околу 25 отсто, што им дава предност на RIM пред Apple.

„BlackBerry PlayBook, како и BlackBerry паметните телефони, ќе стане корпорациски стандард.” рече Мајк Лазаридис, ко-директор на RIM.

Playbook работи на Blackberry Tablet OS кој ќе биде објавен наскоро за девелоперите да започнат со креирање апликации. Ќе има 7 инчен екран со резолуција од 1024×600 пиксели, 1 GHz dual-core процесор, 1 GB RAM и ќе поддржува мултитаскинг и Flash 10.1, две опции кои ги нема на Apple iPad. Интересно таблетот ќе има Wi-Fi но не и 3G конекција. За 3G ќе мора да се поврзе со Blackberry телефон.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
3 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Stefan Petrusevski
12 years ago

bi go imal :)

Viktr Ars
12 years ago

svidja ti se a? :P

Stefan Petrusevski
12 years ago
Reply to  Viktr Ars

neli, neli!? :)