Националната библиотека го претстави Fandango, open-source aудио плеер за лица со посебни потреби

Претставен е аудио плеер за лица со посебни потреби, изработен според стандардите на World Wide Web Consortium (W3C) за достапност до веб содржини. Плеерот наречен Fandango е победник на конкурсот за воведување на дигитални технологии во културните институции, КулТИП 2014, организиран од Британскиот совет и ФИНКИ.

Fandango е изработен од Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ и ФИНКИ со цел да овозможи полесен пристап до аудио содржини наменети за слепи и слабовидни лица. Плеерот, кој ќе биде интегриран во Дигиталната библиотека на Македонија, ги има сите стандардни функционалност што ги има еден аудио плеер, но има и поддршка за транскрипција на аудио книги според содржина и форма, оптимизиран е за да може да се интегрира во било која дигитална библиотека и е повеќејазичен, достапен е на македонски, англиски, германски, шведски и наскоро на албански, турски и кинески. Има и API за користење на говор за давање команди на плеерот.

Тоа што го прави Fandango уште покорисна алатка е што е објавен изворниот код на Github, што ќе им дозволи на програмерите дополнително да го усовршат плеерот, или да изградат други интересни алатки според него. Fandango може да го тестирате на демо верзиите што ги има на сајтот на библиотеката.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk