0 коментари 1 мин. читање 26 февруари, 2015

ИТ настан: Silicon Drinkabout Skopje наскоро и во други градови во Македонија?

Изгледа дека опуштените afterwork дружења, кои се случуваат секој петок, се покажуваат доста корисни за вмрежување на македонски стартап ентузијасти, претприемачи и можеби по некој заинтересиран инвеститор. Според организаторите на Silicon Drinkabout Skopje, дружењата „ги размрдало сите во стартап заедницата“, што даде доволно мотивација да се прошири настанот и во други градови во Македонија. Silicon Drinkabout се случува во 15 држави ширум светот, откако започна да се организира во Лондон со намера да се запознаат стартапите меѓу себе.

Но, засега нема детали кога и во кој град ќе има нови дружења, освен дека терминот за во Скопје останува во петок. Петиот Drinkabout е закажан за 21 часот во Дебар Маало, и е најавено дека ќе биде претставен нов иден настан.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top