Интересно нешто што се споменува во документарецот е што модерната технологија има проблем да произведе пикселна уметност. Голем проблем се мониторите кои порано беа со ниска резолуција и кои прикажуваа малку замаглена слика што доведува до малку апстрактна слика со простор за своја интерпретација.
„Таквата замаглена слика те наведува да ја користиш имагинацијата за деловите на карактерот во играта. Кога мислиме на ретрo-пикsелната уметност се користи емулатор на сегашните монитори со висока резолуција ги прават пикселите со перфектни остри агли. Така тоа станува како сеќавајќи се на вашиот пријател како изгледал во минатото.“ се вели во документарецот.
Пикселната уметност продолжува да се развива и во музиката. Chiptunes музиката е форма каде музичарите креираат музика користејќи чипови од старите гејминг конзоли, како GameBoy.
Во документарецот се споменува и Den the Man анимацијата креирана од Џое Брун која привлече над 3 милиони гледања на YouTube.
Во секој случај интересен, и носталгичен документарец.







