0 коментари 1 мин. читање 7 септември, 2020

Core Decay e инспирирана од пукачките игри од деведесетите години

Поголемиот дел од шутерите од деведесетите години на претходниот век сега се култни хитови кои и понатаму се играат од бројни носталгичари.

Core Decay се развива од Ивар Хил но и од студиото 3D Realms. Во играта, имате на располагање 11 уникатни локации во сајберпанк верзија на планетата Земја. Низ нелинеарните мапи нема само да се борите, туку и прикрадувате. За издвојување победа, ќе имате стотици кибернетички импланти. Имплантите ви отклучуваат уникатни способности како качување по ѕидови, подобра детекција на непријатели и слично.

Интересен е системот за оштетување каде погодок во глава ве зашеметува, отрови го успоруваат вашето движење, а со екстремитетите лесно можете да се збогувате.

Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top