Можеби има само 3,2 инчен екран, но малиот LG Optimus L3 II работи на Android Jelly Bean; сега достапен во Македонија

во Хардвер

LG Optimus L3 II сега е достапен во Македонија, поточно во Т-mobile по цена од 8.000 денари без договор. Цената е мала бидејќи се работи за мал телефон во смисла на димензии, има само 3,2-инчен QVGA eкран со 320×240 резолуција, и послаби перформанси, има 1 GHz Snapdragon S1 еднојадрен процесор, 512 MB RAM и камера од 3 MP. Но, тоа што е интересно кај овој телефон е што е еден од ретките поевтини телефони кои работат на најновата Android верзија – Jelly Bean 4.1.2.

На сајтот на LG се вели дека Optimus L3 II е dual SIM, односно со можност за две картички, но бидејќи е екслузивно достапен само во T-Mobile, се чини дека ќе работи само на нивни картички. Неодамнешните истражувања покажаа дека повеќето македонски корисници имаат по два броја од различни оператори за да избегнат скапи повици кон други оператори. Штета што LG Optimus L3 II е заклучен бидејќи тоа е спротивно на неговата намена – да биде телефон со најнов Android за корисниците кои сакаат да заштедат пари, наместо да купуваат уреди кои чинат околу 500 евра.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments