Новиот Nexus 4 пристига на 10 јуни во Google Play. Иако генерално нема никаква разлика со досегашниот модел, новиот телефон ќе доаѓа со Android 4.3, но и во бела варијанта, јавува Android and Me. Ова е прв Nexus телефон од Google кој ќе биде во две бои.
Излегувањето на Android 4.3 за Nexus 4 ќе значи дека и останатите уреди од оваа „линија“ ќе се подноват со оперативниот систем, пред се Nеxus7, Nexus 10 и Galaxy S4 кој ќе биде испорачан со stock верзија на Аndroid оперативниот систем, исчистен од софтверот на Samsung.
Иако бојата и Android 4.3 се извесни, Phones Review пренесува дека новиот Nexus ќе доаѓа со двојно повеќе простор (16GB), а срамежливо се најавува и LTE подршка, која сепак изгледа помалку веројатна, и, искрено, воопшто небитна за македонските корисници. Засега останува непознато што ќе донесе новата верзија на оперативниот систем, иако нефицијалните информации велат дека станува збор за надградба која ќе го продолжи времетраењето на батеријата со подршка за Bluetooth Smart.







