Не се плашете од Google Glass, ќе знаете дека ве снимаат, вели Google

Google одговори на критиките кои ги добива за нарушување на приватноста со очилата со проширена реалност Google Glass. Освен девелоперите и корисниците, прашања поставува и конгресот на САД, пред се како компанијата планира да се справи со можноста некој да ве сретне на улица и да собере огромен број на податоци за вас.

Стив Ли, лидер на тимот за Google Glass објаснува за Gizmodo дека приватноста отсекогаш била во прв план кога го планирале уредот, токму затоа дисплејот е поставен над окото наместо пред него, па ќе може да забележите ако некој „зјапа“ во вас, односно погледот му е нагоре во дисплејот.

“Ќе знаете кога некој со Glass ви обрнива внимание. Ако гледа во уредот тогаш ќе гледа нагоре… Ако ве снимам тогаш мора да гледам директно во вас. Ако некој е загледан во вас тогаш ќе забележите. Ако влезете во тоалет и некој ве загледа? Незнам за вас, но јас дефинитивно излегувам од таму.“, вели г. Ли.

Доколку ова е единствениот план за заштита на приватноста на компанијата тешко веројатно е дека ќе убедат доволно сопственици да ја подигнат забраната за употреба на уредот во нивните локации. Сепак до официјалната продажба Google има доволно време да му се посвети на ова прашање, како и на прашањето за поголема заштита од пробивање на очилата.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments