0 коментари 2 мин. читање 16 мај, 2012

Европa ќе држат будно око на драмата со прелистувачи за Windows 8 RT

Европската комисија најави дека ќе држи будно око на обвинувањата од Mozilla и Google дека Microsoft го фаворизира својот Internet Explorer во Windows 8 RT. Оваа верзија на новиот оперативен систем ќе работи на ARM чипови и е наменета за таблет компјутерите.

Европа во 2009-та година му нареди на Microsoft да обезбеди линкови до други прелистувачи при инсталација на Windows, со што ќе обезбеди фер услови за конкуренцијата наместо да го фаворизира Internet Explorer кој доаѓа со оперативниот систем. Но, оваа одлука се однесува само на PC-ијата.

Затоа, Мozilla и Google стравуваат дека Microsoft сака да ќари на популарноста која ја имаат таблет компјутерите. Овој пазар сега е доминиран од iPad на Apple, и има понекој квалитетен Android таблет, што остава простор за влез на популарниот Windows 8.

За случајот се огласија и американските регулатори кои изјавија дека ќе започнат „прелиминарна истрага“ за случајот.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top