0 коментари 2 мин. читање 16 мај, 2012

E-потсетникот на МИОA ќе ве потсетува за досадните административни обврски

ИТ министерството го претстави Е-потсетник, нов веб сервис кој преку SMS порака или имејл ќе ги потсетува граѓаните за нивните административни обврски како пријавување на новороденче, лиценца за категоризација на хотели, издавање на работни дозволи за странци, потсетување за дозвола за поставени реклами на државни патишта и други досадни административни работи кои сите потсвесно сакаме да ги заборавиме.

Министерството за информатичко општество вели дека Е-потсетник ќе биде имплементиран во рок од шест месеци.

“Министерството направи анализа на административните услуги на институциите и по извршените консултации подготви листа на приоритетни изводливи услуги од пет институции, кои во првата фаза ќе бидат имплементирани со системот“, вели ИТ министерот Иво Ивановски додавајќи дека во првата фаза ќе понуди приоритетни услуги врзани со пет министерства.

Потсетникот ќе функционира како веб портал кој, откако ќе се регистрираат граѓаните, ќе понуди каталог со услуги од кој се избираат обврските за кои корисникот сака да биде потсетен.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top