Младите треба да научат што е спин, а македонските медиуми да креираат поинтересни содржини за нив

Mедиумите ги игнорираат младите, иако оваа група граѓани на возраст од 15 до 30 години е проактивна во користењето на друштвените мрежи и мобилните уреди преку кои 75 од нив конзумираат информации и вести, покажа истражување направено од Елена Игнатова од Метаморфозис со кое ги истражува навиките на младите за користење на медиумите, медиумската писменост и критичниот пристап кон медиумите.

„Резултатите покажуваат дека младите имаат технички вештини да создаваат содржини, и најчесто го прават тоа со цел да го објават своето дело на Интернет или на социјалните медиуми. Вештините од областа на медиумската писменост, како распознавање говор на омраза, спин или пропаганда, сè уште не се на високо ниво, и постои потреба од дополнителни активности за подобрување на ситуацијата. На ова поле треба да работат и младинските организации кои имаат недостиг на активности за зголемување на медиумската писменост кај младите.“

Како решение се предлага поголема отвореност од страна на медиумите за работа со младите и младинските организации, со цел да пронајдат и понудат „содржини кои ќе бидат интересни и прифатени од страна на младите“. Оваа соработка ќе треба да се направи доброволно бидејќи во моментов во Македонија нема официјална стратегија која се фокусира на соработката помеѓу младите и медиумите. Можеби ќе треба медиумита да ги разберат подобро друштвените мрежи кои според младинските организации се главно средство за комуникација бидејќи „ги сметаат како медиум кој е најотворен за нивните потреби“.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments