Спонзориран текст

ПроКредит Банка во соработка со ЕБОР го лансираше новиот ПроБиз пакет за поддршка на младите претприемачи

Спонзорирано од Прокредит банка

во ИТ Кариера, ИТ.МК, Спонзорирани

ПроКредит Банка, во рамки на својата мисија за поддршка на локалните бизниси во деловната заедница, како дел од програмата Youth in Business на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) го креираше новото решение, ПроБиз – пакет наменет за поддршка на млади претприемачи. 

Програмата Youth in Business им помага на малите и средните претпријатија кои се во сопственост или управувани од млади претприемачи до 35 години да пристапат до знаење, експертиза, финансии и други клучни ресурси за да ги надминат своите предизвици и да го реализираат својот потенцијал. Целта на програмата е да поттикне раст, иновации и финансиско зајакнување, со што ќе се редефинира пејзажот за малите и средни бизниси кои се двигателите на економскиот развој во земјава.

„ПроБиз пакетот е внимателно креиран за да одговори на сите потреби и предизвици со коишто се соочуваат младите претприемачи, нуди можност за финансирање без обезбедување, како и приспособливи придобивки за да може да ги исполни специфичните барања на секој бизнис, без разлика дали станува збор за стартап, бизнис во развој, зрел бизнис или семеен бизнис наследен од новата генерација. Покрај финансиската поддршка, за корисниците на ПроБиз ќе обезбедиме и финансиско советување, можности за вмрежување и специјализирани обуки и работилници фокусирани на градење вештини во водењето бизнис. Како и нашите останати услуги, ПроБиз пакетот нуди комплетно дигитално банкарство за флексибилно и ефикасно финансиско искуство.“ – изјави Милан Дамчевски, член на Управниот Одбор на ПроКредит Банка.

За младите претприемачи пристапот до финансии е од суштинско значење за инвестирање во нивниот бизнис и постигнување на нивните деловни цели. ПроБиз кредитот нуди олеснет пристап до финансирање и е достапен за правни лица со минимум деловен стаж од 15 месеци чиј законски застапник или мнозински сопственик е помлад од 35 години, за да даде можност на помладата генерација да ги развие своите деловни капацитети и да придонесе кон економскиот раст и развој.

Имајќи ги предвид предизвиците со кои се соочуваат младите претприемачи, ПроБиз кредитите се одобруваат само со меница, не е потребен дополнителен колатерал во форма на хипотека. Без разлика дали се работи за обртни средства или инвестициски потреби, ПроБиз овозможува флексибилни рокови на отплата и грејс периоди. 

„Програмата Млади во бизнисот е прва од ваков вид на Западен Балкан и во текот на следните години има за цел да обезбеди 100 милиони евра наменети за партнерските финансиски институции на ЕБОР за финансирање на следната генерација на бизниси кои се соочуваат со непропорционални бариери во однос на пристапот до финансии и практично знаење. Програмата претставува одлична можност да се зајакнат младите претприемачи, овозможувајќи им да напредуваат и да тргнат на пат кој ќе води до финансиски поинклузивна и попросперитетна иднина. Задоволство ни е да го искористиме толку потребното финансирање за младите претприемачи во Северна Македонија во партнерство со ПроКредит Банка.“ – изјави Петер Биелик, главен банкар во Одделот за финансиски институции, Западен Балкан и Источна Европа, во ЕБОР.

„Околу 33 проценти од малите и средни претпријатија во Западен Балкан се во сопственост или се управувани од млади луѓе до 35 години. Со помош на техничката поддршка помагаме да се создаде нешто што е долгорочно и одржливо. Обезбедуваме пристап до меѓународни консултанти кои ги носат најдобрите практики од финансиските институции, создаваат уникатни модели, помагаат во поставувањето на механизми кои директно им користат на младите претприемачи и ги поттикнуваат да успеат. Ние ја користиме суштината на она што го работат банките, со цел тие да продолжат да ги користат овие модели на одржлива основа.“ – изјави Матилд Д’Оргевал, Лидер на консултантскиот тим на IPC/CCX во програмата Млади во бизнис на ЕБОР во Западен Балкан.

Поддршката на младите во претприемништвото е клучно за создавање одржлива и инклузивна економија. Младите претприемачи имаат потенцијал да креираат работни места и да го стимулираат економскиот развој преку иновации, конкурентност и понапредни деловни практики.

Сите информации за ПроБиз пакетот се достапни на ProCredit Bank – Пакет за млади претприемачи (pcb.mk)

Програмата е поддржана од Шведска преку Шведската агенција за меѓународна развојна соработка, Италија преку Централноевропската иницијатива и Луксембург преку Фондот за малите бизниси на ЕБОР.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Напомена:

Ова е комерцијален ПР текст закупен од страна на Прокредит банка . IT.mk не сноси никаква одговорност за текстот и неговата содржина. Доколку сте заинтересирани да објавите промотивен текст, испратете го на [email protected]