Јапонија најде начин да ги регулира биткоините

Јапонија не само што ќе ја регулира трговијата со биткоини, туку ќе започне со оданочување на овие дигитални трансакции. Правилата кои ќе бидат поставени за оваа крипто-валута ќе важат и за сите слични монети во иднина, јавува Nikkei. Регулацијата е делумно предизвикана од банкротот на берзата Mt.Gox која во хакерски напад загуби 850.000 биткоини или половина милијарда долари. Поради ова Јанпониа ќе воведе забрана за тргување со биткоини за банките, а брокерите нема да можат да посредуваат во размена на дигиталната валута.

Што се однесува до даночењето биткоините ќе бидат третирани како стока, наместо како валута. Ќе бидат даночени, заработката од трансакциите со биткоини, размената на биткоини, но и купувањето со биткоини. Даночната стапка за биткоините ќе изнесува 8 отсто иако барем засега изгледа дека ова ќе биде оставено на совеста на граѓаните, бидејќи е многу тешко да се пронајдат корисниците на биткоините.

Поради големата популарност на дигиталната крипто-валута се поголем е бројот на држави кои го регулираат нивниот статус. Неодамна кинеските власти ја забранија оваа валута, руските власти ги предупредија своите граѓани, а Конгресот во САД ја разгледува можноста за целосна регулатива за биткоините.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Damjan Cvetkov-Dimitrov

Нема најдено начин, насловот кажува дека Јапонија нашла начин, а подоле објаснува како сеуште нема никаков начин и останува на совеста на граѓаните сами да си регулираат.

aaaa
aaaa
12 years ago

tapa si

види ги сите огласи на kariera.it.mk