Mighty Tools дизајн алатките на Александар Тасевски дел од Adobe Max Кeynote [интервју]

Avatar img-thumbnail img-circle

во Интервјуа, ИТ.МК

Adobe MAX е годишна креативна конференција организирана од Adobe. На настанот Adobe ги презентира апликациите и својата визија за иден развој, а очекувано настанот е најинтересен за професионалците и ентузијастите од различни креативни области, вклучувајќи дизајн, фотографија, видео уредување и веб развој. На конференцијата се одржуваат презентации, работилници, како и претставување на новите можности на апдејтираните добро познати производи како Photoshop, Premiere, Illustrator и куп други. Она што за нас е поинтересно е дека на конференцијата оваа година за време на Adobe MAX Keynote беа презентирани Mighty Tools алатките изработени од македонскиот дизајнер Александар Тасевски.

Со Александар разговаравме за Mighty Tools, но и за неговата соработка со Adobe и изработка на различни апликации во нивниот еко-систем.

Што се Mighty Tools и што им овозможуваат на корисниците?

Mighty Tools е компилација од корисни алатки кои им обезбедуваат на дизајнерите можност да ја подобрат ефикасноста во својата професионална работа.

Од каде инспирација да ги направиш?

Проектот започна со првата алатка на која почнав да работам во 2017-та година, и ја развивав за себе. Во тоа време, работев како фриленс дизајнер и постојано пробував како да автоматизирам монотони задачи и барав начини како да ја подобрам својата ефикасност во работата. Што се однесува до повеќето подоцна изработени алатки, тие се развиени како резултат на експериментирање со можностите на дизајн платформите, првенствено Adobe XD, а подоцна и Figma. Важно е да се нагласи дека скоро сите до сега изработени Mighty Tools алатки се во форма на плагини за дизајн платформите Sketch, Adobe XD и Figma.

Како дојде до соработката со Adobe?

Во 2018-та година, се случи нешто неверојатно. Стапив во контакт со Adobe, кои тогаш го промовираа сè уште релативно новото Adobe XD. 

Adobe бараа партнери кои би изработувале алатки (плагини) за верзијата на Adobe XD, која требаше да излезе и за прв пат да има екосистем со плагини. Ова беше почетокот на моето официјално партнерство со Adobe, и станав дел од Adobe заедницата на програмери. Партнерството ми обезбедува пристап до бета верзии на сите Adobe продукти, пред нивната јавна достапност. Со ова имам можност да бидам дел од раните фази на развојот на екосистемот со плагини и активно да учествувам во состаноците, каде ги споделувам моите искуства и давам совети. Ова го чини партнерството одлична можност за давање уникатна перспектива и придонес во развојот на самиот Adobe екосистем.

Исто така, многу значајно е и тоа што имам можност да креирам плагини што ќе бидат први на пазарот, секогаш кога се појавува нов продукт од Adobe.

Александар Тасевски

Како дојде до тоа твоите плагини да бидат „Featured на Adobe Max Кeynote“?

Два пати до сега мои проекти биле „featured“ на Adobe MAX настанот, кој се оддржува еднаш годишно. Прв пат беше во 2018 година при лансирањето на екосистемот на Adobe XD, а втор пат оваа година, но за Adobe Express. И во двата случаи, мојот проект беше избран да биде дел од иницијалниот сет на плагини.

Каков е процесот за изработка на плагин?

Ќе дадам пример со последниот плагин. Процесот траеше неколку месеци, каде секој работеше по свое темпо, но секојдневно бевме во контакт со „extensibility” тимот од Adobe за прашања и споделување на знаења.

Исто така, одржував листа на идеи за плагини кои можат да се изработат, и таа листа се ажурираше паралелно со напредокот на можностите на платформата и API-то.

Имаше одредено време кога се аплицираше со идеи, и имав среќа што мојата идеја беше избрана. Апликацијата се состои од детален опис на проектот, бизнис план, таргет корисници, физибилити, итн.

Каков е односот на Adobe спрема дизајнерите и девелоперите?

Иако целата соработка е поддржана со договор и рокови, сепак ќе напоменам дека соработката е многу пријателска и со отворени сфаќања. Меѓусебно, цело време има споделување совети и сугестии помеѓу „extensibility“ тимот на Adobe и нас, партнерите.

Нема директно наложување во тоа како ќе изгледа продуктот што ние, партнерите, ќе го изработиме. Продуктот останува во целосна наша сопственост, со можност да биде понуден бесплатно или да се продава на крајните корисници.

Имаш ли креирано и некои други алатки?

Да, цело време експериментирам со нови проекти. Последно, на што работам е Bento Dashboard, поголем проект на кој сум 100% посветен, и планирам да лансирам MVP до крајот на годината.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments