The Bloodline е импресивна акциона RPG игра во отворен свет, направена од само еден девелопер

Фантазиските светови се полни со небројни можности за истражување територии на кои сѐ е можно и особено ни е мило кога ќе наидеме на игра која зрачи со потенцијал. The Bloodline е игра која направи да се чувствуваме како да сме дел од едно уникатно искуство каде, наместо мрачен заканувачки свет, префрлени сме во разиграни и шаренолики предели кои преколнуваат да бидат истражени.

Авантура која вие ја пишувате

Со оглед на тоа дека The Bloodline има силен акцент на freeform RPG игра во отворен свет, се фокусирате на оние активности кои вам највеќе ви се интересни, а, слично на The Elder Scrolls игрите, станувате сѐ подобри и подобри во оние активности кои највеќе ги практикувате. Па така, често ќе бидете наградени и во зависност од најбаналните работи што ги правите – од скокање, преку качување и пливање, па сѐ до трчање (по ѕидови) а ла Prince of Persia.

Подразбирливо, доколку сакате, имате на располагање и бројни квестови кои се осмислени да им помогнат на селаните, но сѐ е осмислено на една органска основа каде работите се случуваат во зависност од вашите моментни способности и поставеност во светот. Најголем акцент и задоволство произлегува од истражување на светот, започнување, одржување и надградување на односите со бројните кралства и гилдови, како и бројни пресметки со непријателско-настроените суштества. За таа цел ќе истражувате многу уникатни места и импресивни знаменитости како замоци, зандани и огромни градови.

Наспроти симпатичката графика, престојот во The Bloodline не е прошетка во парк и потребно е да работите на себеси, почнувајќи со крафтање опрема и направи, па сѐ до отклучувајќи над 500 вештини и способности. Згора на ова, имате на располагање стотици најразлични оружја и опрема кои ќе ви помогнат или за прикрадување и ликвидирање од сенките или пак за варварски напади, користење древни магии за трансформации и масовна екстерминација на непријателите.

Кои стои зад The Bloodline?

Од она што има на понуда, The Bloodline се чини како интересна, уникатна и квалитетна игра, а ова е двојно поимпресивно кога ќе се земе во предвид дека на играта работи само еден девелопер. Мајлс Витакер од Shieldbearer Studio има посветено многу време и љубов во играта и, со оглед на тоа дека играта е дел од раниот пристап на Steam, работата и понатаму ќе продолжи уште година дена.

Времето кое е пред Мајлс ќе биде искористено во проширување на огромниот свет и воведување бројни активности кои ќе имаат висока преигрувачка вредност. Паралелно со ова, Мајлс планира да понуди неколку нивоа на тежина, поддршка за модови и клучни endgame активности.

The Bloodline е игра во која ќе го следиме напредувањето со огромно внимание. А, во меѓувреме, ќе се губиме во природата, ќе собираме состојки, ќе правиме магични пијалаци и ќе ја уредуваме нашата фарма. Во моментот кога ќе ни здосади тоа, ќе истражуваме опасни зандани, ќе експериментираме со бројни комбинации на опрема и оружја или пак ќе ги повикаме силите на древните други, ќе се претвориме во мечка и ќе дозволиме да не водат животинските инстинкти.

Повеќе детали за играта

  • Произведува: Shieldbearer Studios
  • Издава: HOOK
  • Жанр: RPG авантура во отворен свет
  • Платформа: Microsoft Windows
  • Излезена на: 5 октомври 2023

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments