Нова верзија на оперативниот систем Windows наскоро би можела да биде претставена за корисниците. Новата верзија на оперативниот систем ќе биде помала и ќе биде наменета за уредите со помали дискови.
Целта ќе биде Microsoft да освои пазар кој сега е надвор од дофат. Станува збор за евтини уреди кои доаѓаат со помали дискови, можеби често се користаат и во училиштата. Секако на овој дел од пазарот води Google, кој со Chromebook е доминантен на овој дел.
Новата верзија на Windows 10 ќе биде само 2 GB и Microsoft ќе им ја понуди на производителите за поевтини лапотоп уреди. „Полесна“ верзија на оперативниот систем би можела да биде корисна и за други корисници.
Најголем дел од просторот е ослободен со отстранување на апликации кои корисниците најчесто нема да ги користат, како Internet Explorer и други легаси (legacy) апликации, јави Verge.
Microsoft наскоро ќе одржи конференција за девелопери, па најверојатно тогаш и ќе можеме да дознаеме повеќе податоци.







