Хардвер од оваа недела Google Fitbit, PS VR2, Blackwell B200 и Microsoft лаптопи

Avatar img-thumbnail img-circle

во Хардвер

Минатата недела имаше неколку интересни вести од хардверот. Nvidia претстави нов AI процесор, а и Microsoft имаше настан на кој ни претстави хардвер. Вестите од Sony велат дека компанијата ќе намали со производството на сетот за виртуелна реалност.

Fitbit by Google сега е Google Fitbit

Се чини дека Google го „пензионира“ Fitbit by Google и компанијата го замени со поедноставниот бренд „Google Fitbit“. Компанијата од август 2022 година го користи брендот „Fitbit by Google“ за своите фитнес производи. Оваа недела на веб сајтот на Fitbit, корисниците може да забележат дека го нема препознатливото лого, а „Fitbit by Google“ е заменето со „Google Fitbit“.

Логото сѐ уште се користи како favicon, но го нема на страницата, вели 9to5Google кои први ја забележаа промената. Заедно со ребрендирањето има промена и во дел од категориите. Претходната категорија „Watches“, сега е заменета со „Watches & Trackers“.

Промената на името на Google Fitbit е во насока на „униформирање“ на имињата на хардвер одделот на Google. Покрај Google Fitbit, тука се и Google Pixel и Google Nest. Дел од корисниците стравуваат дека наскоро Google би можел да ја затвори Fitbit апликацијата и да ја замени со Google Fitbit App. Главната причина за загриженост е дека новата апликација нема да ги поддржува функционалностите на актуелната апликација.

Sony прави пауза во производството на PS VR2

Од Sony доаѓаат вести за пауза во производството на новиот сет за виртуелна реалност PS VR2. Причината за забавувањето не е откажување од производот, туку компанијата има значителни залихи, па сака да продаде дел од нив пред да продолжи со производството.

Една од причините за PS VR2 сетови во магацините е претераниот оптимизам за продажбата во новогодишниот период. Ова вообичаено се денови во кои продажбата е најдобра, но тоа не било случај со PS VR2 оваа година. Sony произвел 2 милиони сетови за виртуелна реалност. Проценката е дека досега се продадени 1,7 милиони. Во трите месеци во кои се смета и празничната продажба, Sony продал вкупно 325 200 уреди.

Веројатно најголемата причина за недостатокот на интерес е непостоењето на содржина. Иако на PlayStation има неколку интересни игри за виртуелна реалност, ниту една не е „must play“. Поради ова, по првичниот интерес сега продажбата е значително спласната.

Она што може да ја зголеми продажбата во иднина е најавата дека сетот ќе може да се користи со десктоп компјутери. Секако и намалувањето на цената е секогаш популарно кaј купувачите.

Nvidia ги претстави новите AI чипови

Blackwell се најмоќните чипови досега, тврди Nvidia. Чиповите се 30 пати помоќни од чиповите со кои работи ChatGPT. Инспирација за името на чипот е математичарот Дејвид Харолд Блеквел.

Во споредба со претходната генерација на чипови од NVIDIA , Blackwell B200 работи со брзина од околу 20 петафлопи, брзината на претходникот H100 е 4 петафлопи. Благодарение на ова ќе се зголемат можностите и на големите јазични модели. Со претходната генерација на чипови GPT-3 беше трениран со 175 милијарди параметри, новиот чип ќе овозможи тренинг со 1000 милијарди параметри. Новите чипови ќе овозможат вештачка интелигенција да работи и на лаптопи, наместо како досега во сервери.

Image courtesy of Nvidia

Blackwell доаѓа со трансформер енџин и уште неколку технологии кои помагаат за побрза работа. Tрансформер енџинот помага за побрза работа со технологии како ChatGPT.

Blackwell ќе биде достапен и во сервер конфигурација наречена GB200 NVLink 2. Серверот доаѓа со 72-ве Blackwell графички јадра, и технологија од Nvidia наменета за тренинг на модели за вештачка интелигенција.

Првите GB200 чипови ќе започнат со испорака оваа година. Ова ќе бидат одлични вести за сите компании кои сега се обидуваат да најдат чипови.

Amazon, Google, Oracle и Microsoft веќе најавија свои облак услуги со GB200. GB200 доаѓа со 2 B200 графички процесори и Gracer Arm процесор. Според најавата Amazon ќе изгради сервер со 20 000  GB200 чипови.

Неодамна презентација на можностите на својот чип имаа и конкурентите на Nvidia, компанијата Groq. Чиповите Groq LPU имаат импресивни можности за големите јазични модели. Овозможуваат брзина која е до 100 пати поголема од системите кои доаѓаат со H100 чиповите на Nvidia.

Microsoft ги престави првите лаптопи со вештачка интелигенција

Деловните модели на лаптопите од Microsoft: Surface Pro 10 for Business и Surface Laptop for Business се првите лаптопи од компанијата кои доаѓаат со вештачка интелигенција. Новите компјутери се подготвени за надградбите кои Microsoft ќе ги направи со Windows 11. Microsoft со оперативниот систем наскоро ќе започне да се фокусира на повеќе надградби овозможени од вештачка интелигенција.

Surface Pro 10 for Business доаѓа со избор помеѓу Core Ultra 5 135U и Core Ultra 7 165U; со меморија помеѓу 8 GB и 64 GB; 256  до 1TB GB SSD. Цената на почетниот модел е 1199 американски долари.

Surface Pro 10 for Business доаѓа со 13 инчен екран LCD екран со 33 отсто поголема осветленост и нов слој кој спречува рефлектирање. Лаптопот доаѓа со две USB-C Thunderbolt 4 порти и Surface Connect порта за полнење. Microsoft ветува дека лаптопот ќе работи 19 часа со едно полнење на батеријата.

Надградба има кај камерата која сега покрива 114 степени и има 1440p резолуција. Лаптопот доаѓа со NFC читач кој ја олеснува заштитата со NFC клучеви и за првпат ќе биде достапна 5G опција.

Неофицијално веќе во мај компанијата ќе претстави и надградба на Surface Pro 10 со OLED екран пренесе Verge.

Surface 6 for Business доаѓа со Core Ultra H-series процесори. Изборот е помеѓу Core Ultra 5 135H и Core Ultra 7 165H. Слично како и кај Surface Pro 10 и овде меморијата започнува од 8GB со максимум 64GB; и SSD oд 256GB до 1TB. Цената на основниот модел е 1199 долари.

Surface 6 доаѓа во два модели; 15-инчен и 13,5-инчен. На 15-инчниот модел има простор за 2 USB-C Thunderbolt 4 порти, USB-A, приклучок за слушалки, и порта за полнење. Помалиот модел има само една Thunderbolt 4 порта, слушалки и приклучок за полнење.

Кај екраните на двата модели нема преголеми промени, но додаден е слојот за анти-рефлексија. Microsoft ја надгради камерата и на овие лаптопи иако само на 1080p.

Ако мислите дека ова се добри лаптопи за вас, ќе мора да ве разочараме. Microsoft најави дека овие модели ќе бидат достапни исклучиво за деловните корисници. Продажбата започнува на 9 април.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments