Xiaomi вети дека профитот од хардвер никогаш нема да биде над 5%

Image courtesy of Xiaomi

Еден од најголемите производители на хардвер од Кина, Xiaomi најави дека профитот од хардвер никогаш нема да надмине 5%. Ова не се однесува на лошата продажба, туку на цената на производите, така Xiaomi вели дека цената на телефоните, интернет на нештата, лајфстајл производите никогаш нема да биде повисока од 5% од изработката.

Ова ветување компанијaта го објави на својот блог. Дополнително, ако некогаш вкупниот профит ги надмине овие 5%, компанијата ќе пронајде начин да ги врати средствата назад кон корисниците.

Причината за ова е што тоа е и моделот кој компанијата и досега го користи и ѝ носи успех. Тоа и овoзможува да здобијат доверба кај купувачите, а купувачите добиваат евтин, но исклучиво квалитетен хардвер.

Дополнително, компанијата може да си го дозволи ова бидејќи заработува од повеќе сектори. Така, освен хардверот, Xiaomi заработува и од сервиси и продажба. Хардверот овозможува на корисниците да пристапат до овие сервиси, па можеби пониската цена и не е изненадување.

„Последниве осум години, нашите телефони со одлични перформанси и разумна цена го подигнаа стадардот за перформанси и квалитет во целата индустрија, ова значително придонесе за развојот на мобилен интернет во Кина“.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk