3 коментари 2 мин. читање 2 ноември, 2012

Maкедонското еколошко друштво му стави GPS околувратник и на третиот балкански рис

Maкедонското еколошко друштво (МЕД) успеа да го успеи и да му стави GPS околовратник на рисот Мартин кој се движи по шумите на планината Стогово, Кичевско. Ова е третиот балкански рис кој доби GPS. Првиот рис, Марко, во март, 2010 година беше заловен во Националниот парк Маврово, а вториот, Ристе во март 2012 година, на територијата Лопушник-Кичево.

Покрај ставање на GPS oколовратник, од рисовите фатени со кафез-замка им е земена крв и влакна за генетска анализа. Податоците за рисот и GPS околовратникот ќе им помогне на еколозите да ги проучуваат движењата на трите рисови.

„Податоците ќе бидат од извонредно научно значење и ќе се искористат за да се дознае повеќе за биологијата и екологијата на ова животно. Со споредбена анализа на претходно добиените податоци од движењето на веќе заловените рисови Марко и Ристе, ќе се увиди и дали оваа единка зафаќа блиска територија на движење.“, велат од друштвото.

Сите добиени информации во иднина ќе бидат искористени за изработка на конкретни предлог мерки за заштита на балканскиот рис.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
3 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
IT.com.mk
Admin
13 years ago

Лапсус, сега е поправено. Фала на забелешката. :)

Ааање
Ааање
13 years ago

Osogovo Кочани, Stogovo Кичево….

Ris
Ris
13 years ago

Stogovo i Osogovo se daleku kolku cela makedonija. Proverete se po geografija pa objavuvajte.

Мени
Заедница
Изглед
To top