0 коментари 1 мин. читање

И Стив Балмер си направи Windows Phone 8 реклама

Microsoft e толку ангажиран во својата маркетинг кампања за Windows Phonе 8, што дури и директорот Стив Балмер доби своја реклама, во која го пренесува своето искуство со новата платформа. Пораката која ја испраќа во рекламата е “Windows 8 телефонот е прекрасен, проверете!“.

Во рекламата шармантно насловена „Запознајте го Стив. Погледнете го неговиот Windows телефон“ освен што ќе чуете за „советите кои ги добива“, г.Балмер прикажува и неколку од апликациите кои се интегрирани во платформата, како Facebook, Skype, апликации за имејл, чет, но и Caddy-апликација за Голф. За чудо, иако официјален партнер на Microsoft е Nokia, телефонот кој г.Балмер го рекламира во рекламата е HTC 8X.

[youtube]B9zhklbjw20[/youtube]

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top