1 коментар 2 мин. читање 2 ноември, 2012

iFixit го расклопи iPad 4, погледнете што се крие за екранот

Порталот iFixit, во свој препознатлив стил, ја претстави четвртата генерација на iPad таблет компјутери до најситните детали. Момците од порталот веднаш го расклопиjа новиот уред, што е нешто што малкумина би се осмелиле, пред се бидејќи расклопувањето ја поништува скапа гаранција.

iPad 4 го има двојадрениот A6X процесор кој има четири јадрен графички процесор. Новиот таблет компјутер од Apple е со 9,7-инчен ретина дисплеј со 2048х1536 резолуција. Просторот кој ќе им биде на располагање на корисниците е од 16 до 64 GB, а новиот iPad ќе доаѓа и со 1GB RAM. Се разбира уредот се поврзува со Lightning конекторот.

Новитет е и екранот кој повеќе не е Samsung кој досега беше главен добавувач на екраните . Новиот партнер на Apple за екраните е LG, иако iFixit потсетува дека компанијата соработува со повеќе партнери за компоненти.

iFixit на новиот iPad му дава оцена за можност на повторно склопување 2/10, каде што 10 ја добиваат уредите кои најлесно се поправаат. Ниската бројка е поради тоа што Apple ги лепи компонентите, што пак овозможува кршење или оштетување на елементите од кој е составен iPad.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Branko
Branko
13 years ago

Kako li samo uspea samsung do sega da proizveduva IPS paneli :) haha uste od prvata generacija na displei koj sto gi koristi ipad-ot se ips a toa go proizveduva LG ili ???

Мени
Заедница
Изглед
To top