Македонските политички лидери не знаат да го користат Twitter

Twiplomacy четврта година по ред ги објави резултатите за најактивните светските лидери и влади на Twitter. Најпопуларен светски лидер според бројот на следбеници убедливо е претседателот на САД, Барак Обама, со 58,5 милиони, по него следат Папата Френсис, премиерот на Индија Неренда Моди, а изненадување на листата е претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган, кој и покрај своите 6 милиони следбенци, често се решава за забрана на микроблогот во Турција. Според бројот на ретвити најпопуларен е папата Френсис чии пораки во просек ги споделуваат 7.527 следбеници, втор на оваа листа е Кралот Салман од Саудиска Арабија со 4,419, јави Newsweek.

Twitter е една од платформите кои се користеа да се споделат најновите детали од преговорите за иранската нуклеарна програма, за споделување на фотографијата на која за прв пат се ракуваат претседател на САД и Куба, Хилари Клинтон ја најави својата претседателска кампања на Twitter и YouTube, а за дел од државите „Twitter“ тренинг е задолжителен за амбасадорите.

Но, не сите лидери го користат Twitter како што треба. Барем не македонските. Додека за светските политичари и влади, Twitter е моќна алатка преку кои не само што ги известуваат медиумите, туку ги презентираат сопствените идеи и комуницираат со своите граѓани, за македонските политичари ваквото користење на микро-блогот останува мистерија. Освен за време на избори, се разбира.

Иако претседателот на Македонија, Ѓорѓе Иванов, е присутен на Twitter неговиот профил не е активен од 2009 година. Премиерот Никола Груевски е најактивен актуелен функционер со 3.784 твитови, 4.649 следбеници и речиси 3 твита во денот. Но, неговите твитови се RSS пораки кои се претходно споделени на Facebook, па често место твит добивате линк до Facebook профилот. Владата на Република Македонија е нешто поактивна со 8.186 твитови и 4,5 твита во денот, но и помалку следбници 3.070. Но, и преку профилот на Владата се споделува само RSS фидот од вестите на сајтот, нема никаква интеракција ниту @oдговори кон корисниците.

„За многу долго време најпопуларниот твит на Никола Груевски беше „Благодарам до моите 60.000 фанови!“ што најверојатно значеше неговите Facebook фанови, а не неговите 3.000 Twitter следбеници“, пишува Twitplomacy. „Но во 2014-та најпопуларен беше „Христос Воскресе“ кој беше ретвитнат 11 пати“.

За жал се чини дека македонската политичка елита не е дорасната на можностите кои ги нуди Twitter, но и останатите друштвени мрежи. Наместо размена на мислење со граѓаните, најчесто профилите наликуваат на огласна табла каде се споделуваат пропагандни и рекламни материјали, на кои реагираат само партиските следбеници кои наместо да комуницираат со лидерите, едноставно им даваат нерационален поттик.

Еве ги најпопуларните твитови на македонските политичари според Twiplomacy.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk