Играта Raining Blobs на македонскиот девелопер Енди Мијолкоски по 6 месеци на Steam и над 20 надградби е комплетно преработена и со куп нова содржина.
Откако играта стана достапна на Steam на 15 јануари, 2016, Енди не престана да ја развива, и покрај тоа што продажбата на играта по иницијалните добри резултати почна да опаѓа, пред сè заради огромната конкуренција и пазарната политика која наведува дека само големите и среќните, како и они кои добиваат голем публицитет ќе имаат голема или пак нормална заработка. Ова го вели и самиот автор на играта, со кој по повод новите надгардби и трејлер, како и веста дека играта наскоро доаѓа за Xbox направивме краток муабет…
Продажбата почна добро, но набргу падна. Тоа не ме изненади бидејќи Steam Store го следат истите проблеми кои ги имаме на мобилните stores. Има премногу игри и само големите и среќните добиваат голем публицитет и голема/нормална заработка. Но бидејќи никогаш заработката не ми беше движечка сила во развој на играта продолжив и понатаму да ја полирам и да додавам нови работи кои после 6 месеци ја направија играта многу подобра на сите полиња иако и при иницијалниот release имаше доволно за играње и немаше проблеми. Играта толку многу е сменета што можев моменталната верзија да ја пуштам како Raining Blobs 2. :), ни напиша во маилот Енди, одговарајќи на нашето прашање за прогресот на играта последниве неколку месеци.
Играта која на Steam доби доста позитивни критики е одобрена и на Xbox One и верзијата за оваа конзола е веќе 100% функционална, како што може да се види и на следново видео…
Наскоро играта би била достапна и на Xbox Store, а Енди веќе работи на интегрирање на Xbox Live Achievements и Leaderboards во самата игра.
За Xbox потребно е само да аплицирате на ID@Xbox и тие ви кажуваат дали играта ја сакаат на Xbox или не. Играта ја одобрија, потпишав договор и ми пратија dev kit. Најверојатно не би требало да зборувам премногу за овој дел. :) Со појавувањето на Xbox и други уреди се надевам дека ќе се прочуе повеќе за играта и дека заработката ќе се искачи над 0, моментално уште сум во минус кога ќе земете во предвид колку сум платил за музиката и за pixel art-от.
По Xbox, планот е играта да продолжи и со портирањето на други конзоли/уреди, но Енди вели „чекор по чекор, бидејќи сам работам на играта. Сам го работам програмирањето, pixel art-от и музиката ја правеа други по нарачка, може да ги видите најдоле на официјалниот сајт.“
Енди планира и да организира и турнири и можеби инди дев настан во Public Room, каде што повеќе луѓе би можеле да ја играат играта и на кој тој ќе може да го сподели своето искуство како инди дивелопер кое сигурно ќе им помогне на сите оние кои би сакале сами да развијат свои игри.
Raining Blobs на Steam
Официјален веб сајт
Повеќе за Raining Blobs
- GG.mk S02E16: Гостува Енди Милојкоски, креаторот на Raining Blobs
- Raining Blobs е втората македонска игра која ќе се продава на Steam
- Плати колку сакаш за Raining blobs, македонската игра со кул јапонски дизајн
- Maкедонската игра Raining Blobs може да се купи од Itch.io
- Raining Blobs e македонска игра инспирирана од јапонски сложувалки
[…] видеоигра на Steam, а играта стигна и до Itch.io и до Xbox. По неколку години Rainy Blobs конечно стигна и на […]