Microsoft со Xbox видеоигри ќе ги освојува PlayStation 5 и Nintendo Switch

Avatar img-thumbnail img-circle

во Вести

Microsoft планира да се откаже од целосната ексклузивност за некои видеоигри за Xbox. Дел од најпопуларните Xbox игри наскоро би можеле да се играат на PlayStation 5 и на Nintendo Switch.

Ова секако не треба да биде големо изненадување. Стратегијата не е сосема нов концепт за Microsoft. Во минатото, компанијата успешно соработуваше со Apple, продавајќи свој софтвер за Mac уредите, вклучувајќи верзии на Word и Excel уште од 1980-тите. Со доаѓањето на Сатја Надела на чело, Microsoft ги прошири своите понуди на Office пакетот и на iOS и Android платформите. Се чини дека слична ќе биде и состојбата со видеоигрите.

Microsoft во моментов има исклучително моќна гејминг дивизија. На листатата на гејминг студија на Microsoft од оваа година е и Blizzard, но купувањето започна многу порано. Дел од Microsoft се: Ninja Theory, Undead Labs, Compulsion Games, Obsidian Entertainment, inXile Entertainment, Double Fine Productions и Zenimax Media/Bethesda Studios.

Дивизијата за видеоигри на Microsoft руши рекорди

Податокот кој веројатно најдобро зборува за гејминг моќта на Microsoft е фактот дека по купувањето на Activision Blizzard заработуваaт повеќе од видеоигрите отколку од Windows. Компанијата за последното тримесечје објави приходи од 62 милијарди долари и заработка од 21,9 милијарди долари. Заработката од гејминг дивизијата, вклучувајќи го тука и Game Pass е зголемена за 61 отсто. Со овој раст гејминг дивизијата на Microsoft е трета на листата по заработка. На првото место и натаму е Office пакетот и услугите во облакот, а по ова следи сервер дивизијата. За жал растот на заработката не значеше дека Microsoft нема да отпушти дел од вработените во гејминг дивизијата. Компанијата на почетокот на годината отпушти 1900 вработени.

Една од причините за откажувањето од ексклузивните игри може да е забавувањето во зголемувањето на бројот на Game Pass претплати. Компанијата во 2022 објави дека има 25 милиони претплатници и оттогаш нема детали за нови бројки. Планот на Microsoft беше претплатите да пораснат на 100 милиони до 2030 година, пренесе Verge.

Компанијата работи и на мобилна верзија за Xbox апликацијата. Сепак, нејзиното издавање зависи од тоа дали Apple и Google ќе го променат начинот на дистрибуција на апликации на своите платформи.

Додавањето на некои од игрите на платформите на конкурентите секако не се во насока на додавање на ексклузива на Xbox, и можеби ќе го отежни продавањето на конзолата. Не е исклучено дека дел од игрите ќе бидат времено ексклузивни за Xbox. По ова можеби ќе бидат издадени и на другите платформи. Иако има неофицијални вести за објавување на игри нема најава дека ова ќе се однесува на сите наслови. Некои од игрите за кои шпекулациите се најгласни се  Hi-Fi Rush и Sea of Thieves. Има непотврдени вести и за Starfield и Indiana Jones, но без потврда од компанијата ниту за едните, ниту за другите.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments